Полицијата во Чиле тренира кучиња да намирисаат лица заболени со Ковид-19

Полицијата во Чиле тренира кучиња кои ќе можат да намирисаат заразени лица со новиот коронавирус.

Чилеанскиот професор по ветеринарна епидемиологија Фебрандо Мардонес е иницијатор за обука на кучиња да намирисаат заболени лица со Ковид-19.

– И додека самиот вирус нема мирис, поради промени во метаболизмот на заразените лица нивната пот мириса поинаку, истакна професот Мардонес.

Тој додаде дека кучињата ќе бидат тренирани до август, како би можеле да се придружат на патролите на железничите станици и аеродромите.

Полицијата во Чиле тренира кучињата трагачи, лабрадори и  златни ретривери и за да намирисаат дрога и експлозив или да ги пронајдат исчезнатите лица.

Back to top button
Close