Полицијата во Драч запленила 124.000, а не милион фунти, како што јавија медиумите
– По пребројувањето на вчера запленетото количество пари во пристаништето Драч, полицијата соопшти дека станува збор за 124 илјади фунти.
Медумите претходно објавија дека полицијата запленила милион фунти, во комби возило, што пристигнало од Велика Британија.
Парите се откриени во товарно комбе возило „Мерцедес“, што припаѓало на фирма која се занимава со достава на пратки меѓу албанските емигранти и нивните семејства во Велика Бртанија и обратно.
-По претходно добиени информации дека во товарното возило, што доаѓа од Велика Британија, има поголемо количество фунти, во соработка со царинските органи, на втората контрола, со скенер, отриени беа неколку пакувања во кои се наоѓаа 124 илјади фунти, се наведува во полициското соопштение.
Притворениот 21-годишен албански државјанин изјавил дека не знае ништо за парите.
Ова не е прв случај на заплена на поголеми количества пари што пристигнуваат од Велка Британија. Во текот на минатата година, според податоците објавени од албанската царина, има повеќе од 15 случаи кога на лица кои патувале од Лондон до аеродромот во Тирана им биле запленети од 25 илјади до 70 илјади фунти.
Еден случај во кој се запленети над 120.000 фунти скриени во машина за перење е откриен на граничниот премин Какавија, на албанско – грчката граница.
Лицата кои се одлучуваат да вршат нелегален транспорт на пари добиваат од 15 до 20 отсто од износот што го трансферираат во Албанија.