Полицијата во Дубаи пронајде украден дијамант вреден 25 милиони долари
Полицијата во Дубаи денес објави дека ги уапсила крадците кои украле редок розов дијамант, вреден 25 милиони долари, неколку часа по кражбата, објави VAM.
Полицијата соопшти дека крадците побарале од трговец со дијаманти да го донесе скапоцениот камен во вилата за наводен клиент.
Сепак, кога трговецот пристигнал, бандата го украла дијамантот, се додава во соопштението.
За помалку од осум часа, уапсени се три лица, делумно благодарение на употребата на најновите технологии за вештачка интелигенција.
Видеата споделени од полицијата ги прикажуваат тројцата мажи, со заматени лица, по апсењето, како и снимки од безбедносните камери на членови на бандата.
Дубаи е главен центар на трговијата со дијаманти.
Обединетите Арапски Емирати редовно ја нагласуваат безбедноста што владее на нивната територија.