Полицијата во Израел со водени топови растеруваше демонстранти

 Израелската полиција употреби водени топови за да растера илјадници демонстранти кои се собраа во центарот на Ерусалим во знак на протест против премиерот Бенјамин Нетанјаху во судирите што избувнаа во текот на ноќта, по што беа упасени најмалку 55 луѓе.

Во Израел во изминатите неколку недели се организираат протести на кои демонстрантите го повикуваат премиерот да поднесе оставка поради обвиненијата за корупција и лошо управување на Владата со пандемијата.

Вчерашниот протест беше организиран во близина на резиденцијата на Нетанјаху доцна попладне и првично се одвиваше мирно.

Мал контра-митинг на приврзаниците на премиерот се одржа во близина, а двата спротивставени табори беа одделени со метални барикади и голем број полицајци.

Полицијата соопшти дека се обидела да ги растера демонстрантите кога се обиделе да прошетаат низ градот.

Тогаш дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите, по што пристигнале четири големи камиони со водени топови, за да се растераат насобраните граѓани.

Back to top button
Close