Полицијата во Карпош приведе скопјанец осуден на 15 години затвор

Полицијата соопшти дека во скопската населба Карпош уапсила 32-годишен скопјанец осуден на казна затвор од 15 години што требало да ја отслужува во затворот „Идризово“.

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 1 часот на подрачјето на Карпош во Скопје го лишиле од слобода Е.Л. (32) од Скопје, кој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дело по член 236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа затвор ‘Идризово’ поради бегство од затворот“,информираат од МВР.

При апсењето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја.

Како што информира МВР, лицето било спроведено во затвор за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

Back to top button
Close