Полицијата во Мексико на автопат пронашла тела на 20 лица и пет човечки глави во торба

Дваесет тела, од кои некои обезглавени, беа пронајдени на мост на автопат во дел од Мексико каде што фракциите на нарко-картелот Синалоа се борат меѓусебно, објавија вчера мексиканските власти, објави Си-Би-Ес њуз.

Четири обезглавени тела беа пронајдени покрај патот, додека 16 тела беа откриени во напуштено возило, соопшти канцеларијата на државниот обвинител на државата Синалоа. Пет човечки глави беа пронајдени во торба на местото на злосторството.

Сите тела имале прострелни рани, велат обвинителите.

Локалните медиуми објавија дека четири обезглавени тела биле обесени наопаку од мост – вообичаена тактика на криминалните банди – но нема официјална потврда. Властите соопштија дека телата биле оставени со порака, наводно од една од фракциите на картелот, но содржината на пораката не беше објавена.

Фелисијано Кастро, портпарол на владата на Синалоа, го осуди вчера бранот насилство и рече дека властите мора да ја преиспитаат својата стратегија за борба против организираниот криминал со оглед на „размерот“ на сегашното насилство.

„Воените и полициските сили работат заедно за да го вратат целосниот мир во Синалоа“, рече Кастро.

Насилството во оваа северозападна мексиканска држава ескалираше откако Исмаел „Ел Мајо“ Замбада, коосновач на картелот Синалоа, беше уапсен во САД пред речиси една година. Овој ветеран од нарко-сцената тврдеше дека бил киднапиран во Мексико од синот на озлогласениот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман и префрлен во САД со приватен авион против негова волја

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close