Полицијата заплени 238 штеки цигари, шверцерите избегале
Полициски службеници денеска заплениле 238 штеки цигари, тутун и други предмети.
МВР соопшти дека службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица на место „Вршник Бара“ денеска во 4 часот забележале две лица на меѓуграничниот простор, кои носеле торба и неколку ќеси.
Лицата ги оставиле торбата и ќесите, а потоа го напуштиле местото на настанот.