Полицијата застрела двајца на протестите во Ротердам, запалени се полициски возила (ВИДЕО)

Полицијата во Холандија испукала предупредувачки истрели и употребиле водени топови по немирите кои избија во Ротердам поради новите мерки за спречување  на ковид.

Демонстрантите фрлале камења и петарди и запалиле полициски автомобил, јавува Би-Би-Си.

Стотици демонстранти се собраа за да го покажат својот гнев поради планот на владата дека само вакцинираните и граѓаните кои ја прележале короната може да имаат пропусница за ковид, додека негативниот тест повеќе нема да се признава.

Многумина беа поттикнати и од заклучувањето во кое Холандија влезе пред една недела, а некои не ја прифатиле добро најавата на владата дека ќе го забрани новогодишниот огномет.

Холандија воведе тридневно делумно заклучување минатата недела бидејќи се зголеми бројот на нови случаи на инфекција.

Полицијата испука неколку истрели бидејќи „ситуацијата стана опасна по живот“, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс. Како резултат на тоа, најмалку две лицс се застрелани.

Во Ротердам е воведена вонредна состојба, а главната железничка станица е затворена поради насилство. Демолиран е центарот на градот, а освен две лица кои биле застрелани од полицијата, има и други повредени. Во текот на ноќта биле уапсени десетици луѓе.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат запалени полициски автомобили и демонстранти како фрлаат камења кон полицијата на една од главните улици во градот.

Холандија воведе нови ограничувања минатата сабота, откако беше забележан рекорден број на нови инфекции од почетокот на пандемијата.

 

 

Back to top button
Close