(ВИДЕО) Полициска интервенција го прекина настапот на Аца Лукас во Кавадарци. Навреди од менаџерот Мирковиќ за премиерот Мицкоски?!

Популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат локал во Кавадарци, но настапот што започнал во одлична атмосфера бил ненадејно прекинат околу полноќ. Според сведоштва на присутни, објавени од повеќе веб-портали, полицијата влегла во објектот и го прекинала настапот.

„Атмосферата беше супер, сè додека Лукас не прекина среде песна. Не сфативме веднаш што се случува, потоа видовме дека дојдоа полициски службеници“, раскажуваат гости за Викимедиа. Според нив, пејачот кратко негодувал и се расправал со службениците, по што заминал со нив.

Публиката околу половина час чекала повторно да се врати на сцената, но од организаторите било соопштено дека Лукас е однесен во полициска станица. На социјалните мрежи веќе кружат видеа на кои се гледа како пејачот го напушта локалот во придружба на полицијата, обидувајќи се нешто да им објасни на службениците.

Од надлежните институции се очекуваат официјални информации за причините за интервенцијата.

И покрај инцидентот, останува најавениот голем концерт на Аца Лукас во Скопје, кој треба да се одржи на 20 декември во Арена „Јане Сандански“.

Менаџерот и сопственик на Српската хајт тв Саша Миркович во видео порака потврдува дека популарниот фолк пеач е уапсен во Кавадарци , му праќа подршка да издржи и за се го овинува премиерот Мицковски и упатува на негова адреса обвинувања дека тој го наредил апсењето и употребува навреди за македонскиот премиер.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close