Полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа детето кое беше пријавено дека се изгубило во Битола

Попладнево околу 18 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа шестгодишниот малолетник, кој еден час пред тоа беше пријавен од неговиот татко дека се изгубил во населба Горно Оризари во Битола.

Од СВР Битола соопштија дека веднаш по добиената пријава биле преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Битола за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено околу 18 часот

Back to top button
Close