Полициски службеник се заканувал и навредувал соселанец

– Полициски службеник од гостиварското село Тумчевиште откако навредувал соселанец и му се заканувал бил повикан на разговор во полициска станица, а потоа му е одземено и оружјето. Внатрешната контрола на МВР ги истражува мотивите и причините за насилното однесување.

Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер во 20:30 часот, Т.Ј.(78) од гостиварско Тумчевиште пријавил во полиција дека попладнето неговиот соселанец З.Д.(53), инаку полициски службеник, повеќе пати го навредувал, му се заканувал. При обид насилно да влезе во куќата, полицаецот скршил масата во дворот.

По извршениот разговор со полицаецот З.Д. нему со потврда му се одземени ловечка пушка и пиштол. Во координација со Секторот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. згм/вј/

Back to top button
Close