Полицискиот хеликоптер Бел-412 исфрли повеќе од 45 тони вода за гаснење на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, информира МВР. И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад полицискиот хеликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање на пожарот под контрола.

Пожарот, според ЦУК, и покрај интервенциите од воздух, се уште е надвор од контрола. Чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, се до Бутел.

Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре. За утре е планирано акциите да почнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите.

Back to top button
Close