Полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ: Веќе вториот ден од истрагата двајцата беа осомничени

Полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ им изрази сочувство на членовите на семејството на убиеното девојче и им се заблагодари за соработката со полицијата.

Таа потсети дека истрагата одела паралелно и континуирано во повеќе правци.

-Веќе вториот ден имавме информации дека се осомничени. Анализирајќи ги возилата кои минувале и по разговорот со мајката, која додека трагала по детето забележала бело возило „панда“.

Со анализи и проверки констатиравме дека се работи за возило на ЈКП Водовод – изјави Пјановиќ Отовиќ во гостувањето на РТС.

Веќе вториот ден било констатирано дека таму се движело белото возило „панда“ како и уште 16 други возила. Но, во ист правец се вратиле само две возила, меѓу нив и „пандата”.

Back to top button
Close