Политичар снимен како страствено се бакнува со помлада жена на шанк

Хрватскиот политичар и личко-сењски жупан **Ернест Петри** се најде во центарот на вниманието откако во јавноста се појави снимка од паб во Госпиќ, на која се гледа во интимен момент со помлада жена.
На снимката, која брзо се прошири во хрватската јавност, Петри е во друштво на помлада црнокоса жена, а двајцата во еден момент страсно се бакнуваат.
Случајот предизвика реакции и во редовите на владејачката **ХДЗ**, чиј член е Петри. Според информациите објавени во хрватските медиуми, од него се очекувало да се повлече од функцијата претседател на Жупаниската организација на ХДЗ во Личко-сењската жупанија.
Во меѓувреме, Петри навистина поднесе оставка од партиската функција. Тој со официјално соопштение ја известил јавноста дека се повлекува од челната позиција во локалната организација на ХДЗ, но засега **останува на функцијата жупан на Личко-сењската жупанија**.

Случајот привлече големо внимание во Хрватска, а снимката од пабот отвори и прашања за неговата понатамошна политичка иднина.







