Политичката нестабилност во Србија го одложи договорот за соработка за Коридорот 10, вели Николоски

Вицепремиерот Александар Николоски, изјави дека поради политичката нестабилност во Србија, потпишувањето на договорот за соработка меѓу пет земји за Коридорот 10, кој беше готов минатата година, е одложено.

Николоски ова го изјави во интервју за МИА од Атина, по средбите со високи грчки претставници каде што разговарал за подобрување на економската соработка и регионалните инфраструктурни проект

Како што истакна, детално се анализирани предностите на брзата железница, која ќе стигне до Будимпешта и Виена од Атина, преку Скопје и Белград, и ќе придонесе за економијата со поврзување на грчките пристаништа со Централна Европа.

Back to top button
Close