Политички инцидент во Куманово – нападнати лица додека делеле изборен материјал
Двајца Кумановци пријавиле дека биле нападнати додека делеле изборен материјал од нивната партија.
На 16.10.2025 во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена пријава