Полковник Сашко Лавчиски од полковник унапреден во бригаден генерал


Полковник Сашко Лавчиски, досегашниот командант на Првата пешадиска бригата на Армијата, денеска беше промовиран во бригаден геренал. Промовирањето е со указ на врховниот командант на вооружените сили, претседателот Стево Пендаровски, а по повод Денот на Армијата 18 Август.

Лавчиски е роден 1977 година во Штип. Во досегашната кариера извршувал должности од командир на тим во баталјон за специјални намени, национален претставник и НАТО оценувач при Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, Италија, командант на баталјон за специјални намени, началник на одделение за специјални операции, се до командант на Првата пешадиска бригада.

Основни воени студии Лавчиски завршил на воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, командно-штабна академија „Благо Задро“ во Хрватска, постдипломски студии – магистер за стратегиски студии и школа за национална одбрана во Карлајл, САД.

Централната свеченост за одбележување на тридеценискиот јубилеј на Армијата се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје.

Back to top button
Close