Полноќна средба на Ковачевски со малите партии за францускиот предлог

Премиерот Ковачевски до доцна во ноќта имал консултации и со малите политички партии но од нив не успеал да обезбеди поддршка за францускиот предлог. Како што дознава Прес24 од извори кои вчера присуствувале на разговорите кои Ковачевски ги имал со раководствата на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз, Премиерот барал неговите мали коалициони партнери да дадат поддршка за предлогот, но тие констатирале дека во овој момент немаат доволно информации околу тоа што предвидува француското решение.

Од Ковачевски побарале официјален превод на предлогот на македонски јазик пред да донесат конечна одлука. Истовремено, од премиерот побарале да го видат и билатералниот протокол пред да излезат со конечен став. Состанокот завршил по полноќ без никаков договор, односно со договор, дополнително да се договорат откако ќе ја видат целата документација.

Повеќе

 

 

Back to top button
Close