Половина од граѓаните кои добиле термин за вакцина, вчера не се јавиле на вакциналните пунктови: Филипче се надева на поголем одзив

Околу 9.000 граѓани добиле термин за вакцинација за вчерашниот ден, но само половина од нив се јавиле на вакциналните пунктови. Министерот за здравство, Венко Филипче се надева дека одзивот понатаму нема да биде ваков и најави дека денеска треба да се идентификува каде е проблемот, односно зошто некои граѓани се пријавуваат, а потоа не се јавуваат на закажаниот термин за имунизација против ковид-19.

Тој смета дека нема потреба граѓаните да избираат меѓу вакцините, бидејќи вели, нема контраиндикација за ниту една од нив.

„Сите вакцини се безбедни и засега не дозволуваме избор. Единствено вакцината на АстраЗенека не се дава на сите. Системот одлично функционира и апелирам граѓаните да се пријават за да добијат соодветен термин“, изјави Филипче.

Back to top button
Close