Половина училишта се пријавиле за поевтина субвенционирана струја.За непријавените нема да има субвенционирана струја

Од 477 основни и средни училишта за субвенционирана електрична енергија по 95 евра за мегават час, се пријавиле само 233 училишта.

 

За жал, сите нема да добиваат субвенционирана струја од 1 декември. Ако некој за две недели не знае да пополни формулари, тогаш по автоматизам да ги преземеме училиштата?! Исто е и со компаниите од водостопанството, од 73 се пријавиле 50 за субвенционираната струја. Пак, потенцирам, за жал… – лутито рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција.

 

Премиерот Димитар Ковачевски, пак им порача на општините да аплицираат за евтината струја затоа што со неа треба да се обезбеди работата на училиштата, односно да не се случи тие да немаат пари па децата да седат дома, потоа да работат пречиситителните станици и станиците за собирање на оптпадни води, во интерс на граѓаните, и да поевтини храната за најмалку 10 проценти.

 

Ние нема да даваме субвенционирана струја таму во општините некои да си пие кафе! Нека си ги поплнат документите, за да тие што треба добијат поевтина струја, ја добијат – лутито реагираше и премиерот Ковачевски.

 

Од околу 1.000 компании за храна, само 235 до крајниот рок аплицираа за субвенционирана цена од 80 евра за мегават-час.

Дел од нив веројатно имаат договори што не сакаат да ги стават во мирување, дел не успеаа да ги пополнат сите документи. Но, ние од 1 декември ќе правиме контроли и има мерки согласно Законот за трговија, а може и согласно прогласување кризана состојба, кои ќе ги примениме – изјави Бектеши.

Back to top button
Close