Положени цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Владата на Република Северна Македонија; Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија; делегација од Собранието на Република Северна Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.

 

Back to top button
Close