Полска испраќа 5.000 војници на границата со Германија


Полската армија ќе распореди 5.000 војници за поддршка на граничните контроли кон Германија и Литванија, соопшти денеска Генералштабот.

Полска ќе воведе привремени контроли на границата со Германија од понеделник, како реакција на заострените мерки што ги презеде Берлин.

Некои војници ќе учествуваат директно во контролата, а останатите ќе имаат логистички и безбедносни задачи.

Полската војска со години ѝ помага на граничната полиција во обезбедување на источната граница со Белорусија, која е зајакната со ограда и системи за надзор, потсетува ДПА.

Владата очекува дека мерките ќе предизвикаат застои на границата. – Свесни сме дека ќе има одредени доцнењ“, изјави владиниот портпарол Адам Шлапка.

Германија од октомври 2023 врши случајни проверки на границата со Полска за да го спречи нелегалниот влез. Новиот министер за внатрешни работи, Александер Добринд, нареди построги мерки и најави враќање на барателите на азил уште на граница.

Мерките станаа чувствителна политичка тема во Полска. Националистичката партија Право и правда (ПиС) ја обвинува проевропската влада на премиерот Доналд Туск дека прима премногу мигранти од Германија.

Неколку екстремистички групи организираа „гранични патроли“. ПиС и нејзиниот претседателски кандидат Карол Навроцки ги поддржаа тие акции.

Германската полиција од 8 мај одбила влез на околу 1.300 лица на границата со Полска, од кои секој десетти поднел барање за азил.

Back to top button
Close