Полска тврди: Русија регрутира агенти за да ни влијае врз изборите
Полскиот министер за дигитализација Кшиштоф Гавковски денеска ја обвини Русија дека се обидува да влијае на исходот на овогодинешните претседателски избори во Полска и дека, според полските и сојузничките разузнавачки служби, Русија веќе почнала да регрутира агенти во Полска.
-Руските служби почнаа да бараат Полјаци во Полска за да ангажираат да работат за странски служби и да влијаат на изборите. Се работи за многу пари. Сакам да ги предупредам сите бидејќи тоа никогаш не се случило во нашата земја. Полска е во војна со „Русија во кибер просторот и тоа мора да се спречи по секоја цена“, изјави министерот Гавковски за полското радио РМФ ФМ.
Министерот вети дека наскоро ќе го претстави извештајот, составен во соработка со американските институции, за овие руски напори да се осигура дека претседателот што Полјаците ќе го изберат оваа година за петгодишен мандат е поволен за плановите на Кремљ.
Владата на премиерот Доналд Туск сака да работи со опозициските партии за да развие план за заштита на изборите од странско мешање и да го минимизира можниот ефект врз изборната кампања и волјата на гласачите.
Министерот Гавковски ги предупреди Полјаците, кои руските служби, како што рече, ги бараат на „темна мрежа“, дека и најмала, наједноставна соработка со странски разузнавачки служби претставува кривично дело шпионажа и дека казните се строги.
Шефот на безбедносната информативна служба БИС на соседна Чешка, генерал Михал Куделка, неделава ги предупреди членовите на долниот дом на чешкиот парламент дека поради парламентарните избори на есен оваа година, и Чешка може да очекува зголемен активности на дезинформаторите и почести и посилни обиди на Русија да влијае на исходот на изборите, како и што беше во Романија и Молдавија.