Полски амбасадор: Ако Украина изгуби, ќе мора да влеземе во војна

Полскиот амбасадор во Франција, Јан Емерик Рошишевски во интервју за француската телевизија LCI изјави дека може да се појави ситуација во која Полска ќе мора да влезе во војна со Русија.

-Значи, или Украина ќе ја одбрани својата независност или ќе мора да влеземе во овој конфликт. Затоа што нашите главни вредности, кои се основата на нашата цивилизација и нашата култура, ќе бидат загрозени. Затоа, нема да имаме друг избор освен да влеземе во конфликтот, рече амбасадорот.

Полската амбасада во Франција потоа излезе со соопштение во кое се наведува дека некои медиуми изјавите на амбасадорот ги толкуваат „надвор од контекст“, односно дека нема најава за директно вклучување на Полска во конфликтот, туку само предупредување за последиците што може да ги има украинскиот пораз.

Back to top button
Close