Полските туристи се враќаат во Охрид, попладнево пристигнаа 182 патника од Катовице, а утре доаѓаат туристи од Варшава

Со авион на полската авиокомпанија ЛОТ, кој доцна попладнево од Катовице слета на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, полските туристи се враќаат на Охридското езеро, за прв пат од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

Авионот на ЛОТ денеска донесе вкупно 182 патника од Катовице, а утре на охридскиот аеродром ќе слета и првиот лет од Варшава, со што двете авиолинии, Катовице-Охрид и Варшава-Охрид ќе бидат возобновени, по повеќе од една година.

Во текот на летната сезона на Аеродромот Св. Апостол Павле се очекуваат по два лета неделно од Полска, кои повторно ќе го поврзуваат Охрид со двата полски града по воздушна линија, се вели во објавата од  Св. Апостол Павле.

Back to top button
Close