Помалку од 1.000 луѓе ќе присуствуваат на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио

 

 Бројот на гости кои ќе присуствуваат на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Токио ќе се намали поради епидемијата на коронавирус, јави агенцијата „Кјодо“.

Организаторите на настанот планираат да примат помалку од илјада гледачи на свечениот дел, на еден или на друг начин поврзани со организацијата на Олимписките игри.

Претходно, локалните власти одлучија церемониите на отворање и затворање на Олимписките игри да поминат без гледачи.

Игрите во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.

Back to top button
Close