Помошта за Газа стигнува со падобрани

Воен авион со падобрани доставува хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа, среде војната меѓу Израел и милитантите од Хамас.

Надежите за примирје за време на муслиманскиот празник Рамазан не се остварија, војната во Појасот Газа меѓу Израел и радикално исламистичката организација Хамас продолжува. Хуманитарната ситуација на тамошното цивилно население во меѓувреме станува сѐ подраматична. Повеќе земји прават обиди да достават хуманитарна помош на различни начини – на пат е брод од Кипар, прв пат по 20 февруари по копнен пат во северниот дел од Газа стигна конвој со вода, храна и лекови за 25.000 луѓе. Еден од начините за достава и натаму останува фрлање пратки од воздух, со падобрани.(dw)

Back to top button
Close