Помпео и Лавров разговараа за состанок на Советот за безбедност на ОН

– Американскиот државен секретар Мајк Помпео разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можноста за одржување состанок на лидерите на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, се вели во соопштение на Стејт департментот.

Стејт департментот во документот наведува дека Помпео разговарал со шефот на руската дипломатија за можноста за одржување состанок по повод 75-годишнината на ОН, на кој би присуствувале Доналд Трамп и лидерите на Велика Британија, Кина, Франција и Русија. Во изјавата не се наведува каде и кога би можела да се одржи оваа средба.

Помпео и Лавров разговарале и за Авганистан, после тврдењата дека американски разузнавачки служби се сомневаат дека Русија им нуди награди на талибанци за убиства на американски војници.

Една од темите во разговорот била и безбедноста на претстојните претседателски избори во САД, поради загриженоста за мешање на Русија, иницирана од државниот секретар на САД, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close