Помпео разговарал со главниот преговарач на талибанците

  Американскиот државен секретар Мајк Помпео оствари видео средба со главниот преговарач на талибанците, Мула Барадар Акхунд.

Двајцата разговараа за состојбата на мировниот процес во Авганистан, изјави портпарол на талибанците.

Било покренато и прашањето за талибанските затвореници, чие ослободување од авганистанските владини затвори го бараат талибанците, изјави портпаролот Сухаил Шахил.

Мола Барадар е заменик-лидер на талибанците со седиште во Доха. Разговорот бил остварен меѓу него и Помпео, откако авганистанските безбедносни сили ставија крај на обидот за опсада на голем затвор во источен Авганистан од страна на милитантите на ИД, кога стотици затвореници избегале.

Back to top button
Close