Помпео: САД и ЕУ водат сложени разговори за повторно воспоставување на взаемните патувања

Вашингтон и Брисел водат сложени разговори за повторно воспоставување на патувањата меѓу САД и ЕУ, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео во телефонски брифинг за новинарите.

Тој истакна дека разговорите се во доменот на тоа како најдобро да се постапи од научен и епидемиолошки аспект за да се намали ризикот од ширење на новиот коронавирус.

Постои длабока потреба и желба да се отвори глобалната економија, луѓето да можат слободно да се качат на авион и да патуваат, за туризам или бизнис, истакна Помпео.

Тој додде дека во разговорите со ЕУ, од американска страна вклучено е Министерството за транспорт, кое планира брзо, на најсигурен и најбезбеден начин  да се воспостават взаемните патувања.

Back to top button
Close