Помпео: САД се против обидите на Русија да ја прекрои историјата

– САД денеска им се приклучија на Литванија, Летонија и Естонија, во спротивставувањето на сите руски обиди за прекројување на историјата, откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека балтичките држави во 1940 година се согласиле да бидат анексирани од Советскиот сојуз.

– Остро се спротивставуваме на каков било обид на Русија да ја прекрои историјата за да ја оправда окупацијата на Советскиот Сојуз и анексијата на балтичките држави во 1940 година, напиша државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во заедничката изјава со министрите за надворешни работи на трите балтички држави.

Со заедничка изјава е одбележана 80-годишнината од декларацијата во 1940 година од страна на тогашниот вршител на должност американски државен секретар Самнер Велс, со која се осуди советската окупација на трите држави.

Back to top button
Close