Попис 2022?!

 

Најпрво должам едно објаснување за текстот кој  од опозицијата  може да се толкува дека бранам некоја политичка опција  туку во функција на афирмација на една европска и светска вредност: пописот на населението и домаќинствата. Посебно не би сакал  да пишувам нешто за да бранам некоја политичка опција на СДСМ поготово што лично не сум мотивиран за такво нешто затоа што од еден висок партиски раководител и висок функционер на оваа партија после мојот придонес за  таканаречената „Шарена Револуција„ сум ја доживеал највисоката лична  професионална дискриминација и деградација од која и неговиот шеф на партија не се оградил.

Имено, целта ми е да ја запознам јавноста за моето животно и политичко искуство со пописите на населението во бившата СФРЈ и после тоа во независната Република Македонија.
Во поранешната СФРЈ, во 1981 како млад професор од страна на Заводот за статистика бев одреден како попишувач во една зона во Тетово.

После една обука организирана од страна на Заводот за околу две недели ја завршив работата. Ги попишував граѓаните на пописен формулар на албански јазик. Лицата кои не беа присутни во нивните домови во моментот ги запишав врз основа на нивни лични документи презентирани од блиски од семејството. Тогаш (иако и тогаш живеевме во Европа) граѓаните не ги делевме на нерезидентни и резидентни како сега. И пописот почна и заврши без никаква политизација. Дури и мнозинството граѓани не знаеја што е тоа попис на население и домаќинства.

Потоа дојде независна Република Македонија. Некои пратеници од тогашната ВМРО-ДПМНЕ  заедно со некои шовинистички кругови лансираа теза дека ние Албанците сме биле меѓу 10-15%. Нашата контра теза беше дека ние сме биле 30-40%. Европските институции бараа попис на населението. Но, за жал пратениците на опозицијата поднесоа амандман (кој го гласаа и нашите коалицијски партнери!!!) со кој се исклучи албанскиот јазик од пописот; во Заводот за статистика не знам дали имаше 0.5 % вработени Албанци. Немавме воопшто доверба во овој Завод и ПДП реши да го бојкотира пописот. Баравме реален попис, под меѓународен надзор.

Бидејќи Европскиот Совет бараше попис на населението во Македонија, ПДП ја бараше нивната помош. Во 1994 год. Советот на Европа одлучи пописот на населението и домаќинствата да се изведе од страна на Швајцарскиот завод за статистика под раководство на   директорот Вернер Хауг.                                    .

Целиот технички процес требаше да го изведе Заводот за статистика под диригентсвото на Државната комисија за попис кој во меѓувреме на наше барање вработи 37 Албанци за обработка на материјалите. Јас како координатор на ПДП требаше да ја следам операцијата и усогласувам ставовите со Владата во врска со некои прашања околу методологијата. Коку се сеќавам (и ако не грешам) претставник на Владата беше една сегашна пратеничка на ВМРО ,инаку тогашен министер на СДСМ без ресор. Таа и тогаш имаше некои конзервативни идеи и решенија, но успеавме да извршиме попис на кој двете страни  верувавме и бевме задоволни. Сега сметам дека врз основа на нејзиното искуство на попис на населението со меѓународна помош пратеничката  би требало да и објасни на нејзината  нова партија колку и дали може премиерот во „соработка„ со Албанците да го фалсификува бројот на Албанците во нашата земја. Кому таа потреба?

Потоа го поминавме пописот од 2002 год. И во тензии на постконфликтен период ниедна политичка партија не се жали на „надуење„ на бројот на Албанците во Македонија!

Сметам дека не можеме да ги симнеме политичките предизборни сомнежи околу пописот на 2011 год. без јавноста да биде запозната  зошто коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ потроши толку многу народни пари и на крај операцијата попис беше запрена. Јавноста требаше да ги знае вистинските причини, инаку секогаш ќе има сомнежи за тоа.

Нешто што сметам дека крајно не е разјаснето бидејќи го нема во член 6 и 8 од Законот за попис на населението и домаќинствата, а сепак се пласира во јавноста, тоа се категориите „резидентно„ и „нерезидентно„ население. Прво сметам дека неубедливо за јавноста е да се објасни дека нашите државјани кои би престојувале повеќе од една година во странство би тревало да се бројат како „нерезидентно„ население. Тоа може битно да го намалува бројот на жителите во земјата, од следни причини:

-Ниедна европска земја на странците не им дава перманентен престој пред поминување во нивна држава   до 4 години. Што ќе биде со нашите млади државјани студенти или баратели на работа во странство, кои после една година и еден ден на престој во друга земја на денот на пописот се регистрираат како нерезидентни во Македонија, а се лишени од правото да го продолжат престојот во таа земја уште една или повеќе години поради разни причини и после една недела или десет дена  се враќаат во Македонија и се пријавуваагт во МВР како резидентни?

Тие до наредниот попис како статистичка бројка ќе фигурираат како нерезидентни (а како реалност резидентни) и така бројот на резидентното население нема да ја отсликува реалноста. Прашањето е каква потреба има државата да ги запишува нејзините граѓани како нерезидентни кога тие имаат имот и свои семејства во државата и при нивното враќање во земјата со нивни пари ја полнаат државната каса и ја стимулираат економијата?

Досега отстапки од визната либерализација со ЕУ има само Германија која на странците им дава можност да престојат и работаат во нивната земја од 1-4 години под услов да имаат загарантирана работа од некој германски работодавач. Што ако работодавачот не им го продолжува престојот после  една година и еден ден во денот на пописот?

Иако лично никогаш не ја потценам било која опозиција и Мицковски ми бил симпатична политичка личност сепак сметам дека некои негови политички потези водат кон зајакнување на позициите на Заев на власта. И тука се разлозите на неговите изборни порази. Ако тој не ја осовременува (европеизира) политичката опција долги други години Заев „ќе сее„ по три стебла марихуана во секое домаќинство во Македонија. Другото прашање е  дали некој политичар македонец може да прифати организација на попис на населението и притоа цел да му биде да го фалсификува истиот со зголемување на бројот на Албанците како што обвинува опозицијата?  Тоа е вистински абсурд!

Зошто Албанците (макар и формално) во било кое време и со  било кој лидер на ВМРО-ДПМНЕ се претсавуваат како пречка за развојот на државата  кога нашите  политички лидери со полна уста и со гордост го бранаат идентитетот и јазикот на Македонците во билатералните спорови со соседите?

Мене ми се многу прифатливи аргументите на опозицијата за одложување на пописот до 2022 поради Ковид 19 исто како и аргументите на министерот Маричиќ и неговиот заменик (кои се докажаа за успешно  менаџирање со Правда) дека нешто такво може да биде прифатливо само за 2021, но не подолго.  Да одложиш попис затоа што бројот на Албанците би можел да биде над 30% (ако така статистиката ќе покаже) тоа е крајно бизарно и неприфатливо.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов Македонија да чекори напред кон ЕУ. Тој услов сега го има соседна Албанија. Попис, не поради вољата на СДСМ и Заев, туку поради насушната потреба за планирање на државата. Затоа што станавме афричка држава според однесувањето. Не знаеме колку жители има државата и уште полошо немаме централен регистер на населението и затоа ни излегува дека од приближно 2 милион жители во секој изборен циклус имаме регистрирано околу милион и оумсто илјади гласачи.

Бројот на народите и верите не би требало да биде пречка за никого кој е  со европски стремежи и е лојален граѓанин на оваа држава.

Тука е разликата меѓу Заев и Мицковски : во прифаќањето или одбивањето на европските вредности и нивното доследно спроведување, а не во натпревар за национално пребројување и доминација над другите.

Back to top button
Close