Попладне од касарната „Илинден“ ќе има почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември

32 години независност годинава Владата ќе ја одбележува под слоганот „Гласник на слободата“, а предвидени се низа свечености и активности низ цела држава

Од касарната „Илинден“ во Скопје попладне во 18 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со која ќе се истрелаат 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Артилерискиот баталјон на Армијата ќе ја изведе стрелбата по повод 8 Септември – Денот на независноста.

На официјалната почесна стрелба, ќе ѝ претходно пробна стрелба со еден плотун.

32 години независност годинава Владата ќе ја одбележува под слоганот „Гласник на слободата“, а предвидени се низа свечености и активности низ цела држава.

Вечерва во Филхармонија ќе се одржи и Свечена академија на која треба да се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

„Ве покануваме да бидете дел и од прославата во Градскиот парк во Скопје од 11 до 14 часот, каде ќе се одржат тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата ’Школка‘, е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата на Северна Македонија, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава ’Гига Мега бајка‘“, најавија од Владата за планираните активности за утре.

Утре ќе има и бесплатен влез на граѓаните во културните установи, музеи и галерии во цела држава.

Во Музејот на македонската борба за самостојност во 12 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други.

„Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба ’Темелник на државноста‘. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20 часот ќе се одржи пред платото на институцијата“, велат од Владата.

Во Кинотеката на Северна Македонија, пак, утре во 18 часот ќе се прикажат македонските документарни филмови, „Медена земја“ и „Исцелител

Back to top button
Close