Попладнево „Марш за ангелите“ во Кочани – сите се повикани да се придружат
Семејствата на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и денеска во 18 часот и 5 минути ќе протестираат за правда за нивните деца.
Маршот, се оддржува во знак на почит на загинатите , но и како поддршка на повредените во пожарот, е потсетување за задоцнетата реакција и затајувањето на институциите во системот кои не презеле мерки да се спречи трагедијата.
Семејствата на настраданите остануваат на своето единствено барање за правда за своите деца, за што најавуваат дека ќе се борат до крај.
Маршот се одвива по вообичаената маршрута, од Паркот на револуцијата, низ трговскиот центар, пред Општина Кочани, а оттаму кон полициската станица и Основниот суд и обвинителството во Кочани