Попладнево невреме во Македонија – еве во кои делови е опасно

Според најновите радарски податоци, делови од Дебарскиот и Тетовскиот регион се зафатени со нестабилно време, проследено со врнежи од дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Метеоролошката нестабилност се движи од запад кон исток, поради што во текот на наредните часови се очекува променливо време и во други делови од државата.

Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни, особено доколку се движат или престојуваат на отворено, бидејќи локално се можни нагли промени на временските услови.

Возачите, исто така, се повикуваат на зголемена претпазливост поради можната намалена видливост и влажните коловози во подрачјата погодени од врнежите.

Back to top button
Close