Поплавени куќи, подруми, гаражи и излеана канализација во Тетово

Тетово и околината вечерва околу 20 часот беа зафатени обилните врнежи дожд, што предизвика поплавување на куќи, подруми и гаражи , како и излевање на канализацијата од неколку шахти.

ЦУК информира дека на загрозените места интервенира Територијалната противпожарна единица Тетово.

Патот кон село Фалише кај подвозникот е полн со вода, а и останатите подвозници се во целосен прекин за движење. Исто така, патот што води од Стадион до Касарна е поплавен и е во целосен прекин за движење.

Според првите инфорамции, поплавени се улиците „Улица 141″ ,ул. „Фуштанска”, ул. „Илинденска”,„Улица 114″, ул. „Мирце Ацев”, „Улица121″…

 

Тетовскиот Кризен штаб е активен, а раководителот на РЦУК Тетово ги известил членовите на штабот за поплавите, по што вработени од Јавното комунално претпријатие Тетово и од Општина Тетово се на терен со два багери што ќе интервенираат на каналот што поминува низ село Мала Речица.

Припадниците на СВР Тетово се на терен со сите сили за да обезбедат побрзо регулирање и нормализирање на сообраќајот. Се праваат напори во нормализирање на вкупната состојбата на теренот погоден од обилните поројни врнежи.

Според РЦУК Тетово, поројска река во правец Тетово – Јажинце е со критично ниво и постои ризик за излевање на надојдената вода. Испратен е багер за да не дојде до блокирање на патот Тетово -Јажинце

Back to top button
Close