Поплавени подруми, дворови и лифт по поројните дождови низ Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 392 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 60,85%, а 39,15% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 56,67%, кон Итната медицинска помош 35,24%, а кон пожарникарите 0,95%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 560 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,64%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(40,23%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Пожари на отворено нема евидентирано во последното деноноќие. Но, пожарникарите, покрај гаснење на урбани пожари биле ангажирани и за други работи.

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 18.45 до 19.35 часот, со четири пожарникари и едно ПП возило интервенирале на извлекување паднат човек во река Драгор кај месноста „Сали Мост“. Паднатото лице не било повредено

Конкретно, од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 12.00 до 13.50 часот, со еден пожарникари и едно ПП возило интервенирале за извлекување со пумпи вода од поплавени подрумски простории и дворна површина во селото Сенокос.

Пожарникарите од ТППЕ Охрид од 09.45 до 10.30 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило имале техничка интервенција на испумпување на вода од лифт на ул.„Галичиц,а“ ламела-бр. 2..

Потсетуваме за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита… и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. И секако да потсетиме за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

фото: архива

Back to top button
Close