Поплави и на север во Јапонија, евакуација на 3,6 милиони жители

– Поројните дождови, што предизвикаа поплави во југозападна Јапонија во кои загинаа најмалку 58 лица, ги погодија денеска северните делови на земјата, предизвикувајќи голема материјална штета.

Најсилни дождови ги погодија Нагано и Гифу во централна Јапонија, но надојдените реки предзвикаа голема штета во неколку јапонски градови.

Јапонските власти препорачаа евакуација на повеќе од 3,6 милиони луѓе низ целата држава. Евакуацијата се уште не е задолжителна и не се знае колку лица во моментов решиле да преземат таков чекор.

Спасувачки операции се уште се водат на југот на земјата и се трага по 14 исчезнати лица.

Десетици илјади војници, полицајци и спасувачи се во чамци на поплавените улици на јапонските градови во потрага по исчезнатите.

Поројните дождови што од петокот предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето на островот Кјушу, во југозападна Јапонија.

Back to top button
Close