Поплави во Кина, населението се евакуира со хеликоптери

Кинеските власти испратија хеликоптери за да ги спасат жителите на провинцијата Гансу, откако се излеаја Јангце и други реки по обилните дождови.

Покрај поплавите, обласата е погодена и од свлечишта, а педесетина луѓе се зарбоени на крововите од своите домови во градот Лонгнан.

Во соседната кинеска провинција Сичуан и во заедницата Чонгквин прогласена е тревога од највисоко ниво. Во Сичуан водата достигна до прстите на статуата на Буда од осми век, што се наоѓа на планина. Тоа се случува првпат од 1949 година.

Властите на провинцијата Хубеи предупредија дека најголемата хирдоцентрала и брана се преполни со вода.

Back to top button
Close