Поплавите во Бразил однесоа 31 жртва и оставија околу 1 600 луѓе без покрив над глава

Поплавите кои го зафатија југот на Бразил како последица на циклонот што ја погоди државата, одзеле 31 човечки живот и оставиле без покрив на главата околу 1 600 луѓе, соопштија властите.

Невремето ја зафати сојузната држава Рио Гранде до Сул и е најсмртоносната во историјата. Започна во понеделникот вечерта и погоди повеќе од 60 градови, рече гувернерот Едуардо Лејте.

Надојдената вода носеше куќи, зароби бројни возачи и патници во нивните возила, улиците ги претвори во реки.

Видеоснимките од поплавите кои ги објавуваат медиумите покажуваат како луѓе се качени на покривите на своите куќи и бараат помош, а некои делови се целосно отсечени од околината.

Во градот Макум, каде живеат околу 50 000 луѓе, спасувачките екипи во една куќа пронашле 15 тела. Жителите на овој град сведочат дека нивото на водата растело многу бргу, до два метра на час.

Голем дел од жртвите загинале како последица на струен удар, заробени во автомобилите, а една жена беше однесена од надојдената вода при обид за спасување

Back to top button
Close