Компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин сака да инвестира Попова Шапка да стане реномиран ски-центар, најави Нуредини

Владата на денешната седница го одобри Предлог-проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка.

Станува збор за голем инвестициски проект што е резултат на нашите напори да ги заштитиме природните вредности на начин со кој покрај максимална заштита ќе обезбедиме услови за социо-економски развој и можност нашите природни убавини да бидат атрактивни, европски и да привлекуваат туристи од целиот свет, да ѝ носат приход на државата, а за граѓаните да отвораат нови работни места и нови економски можности – вели министерот за животна средина Насер Нуредини.

Тој посочува дека има сериозен понудувач за развој на ски-центарот Попова Шапка.

Сега веќе можеме да ја споделиме информацијата дека добивме сериозна понуда од страна на реномираната европска компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин“, којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признаен експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30 годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени – рече Нуредини.

Тој додаде дека оваа компанија, по направеното истражување, понуди амбициозен план за развој, иновации и раст на ски-центарот Попова Шапка, кој се карактеризира со модернизација на постоечката ски зона и нејзино територијално проширување, подобрување на примарната инфраструктура неопходна за развој на областа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close