Попова Шапка како место за невообичаен тим билдинг

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ организираше еднодневна промотивна тура за активен тим билдинг на Попова Шапка. Можност за ваквите активности им беа претставени на претставници од одделите за човекови ресурси пред се од компании од информатичката технологија.

– Присутните уживаа низ падините на Шар Планина на електронски велосипед,  јаваа коњи и пробаа домашно овчо сирење директно во бачилото Први Мај и дегустираа традиционална храна во хотел Скардус. Шар Аутдорс (SharOutdoors) е организацијата која нуди еден ваков поинаков тим билдинг, истакна Тања Георгиевска, претставник на ИМЕ Програмата.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ  работи во насока на подобрување на понудата и промоцијата на дестинациите кои имаат потенцијал за развој на активен туризам и ги поддржува локалните провајдери кои нудат пакети за активен/авантуристички туризам, а една од целите е зголемување на вработувањата.

Промотивната туре е спроведена согласно сите активни мерки за заштита во време на Ковид-19.

Back to top button
Close