Поповите против карантин за Задушница: Заболените се од ифтарите кои се одржуваа на затворено, гробиштата се на отворен простор

„Гробиштата се на отворен простор, каде што има провев, секој гроб е на 2 метри растојание и според ова, не гледам опасност верниците на задушница да се заразат од коронавурусот“, вели за А1он митрополитот пелагониско-преспански Петар, кој е против да има карантин и полициски час за празникот Задушница. Иако, има голема бројка на заразани во општина Бутел каде што се градските гробишта, тој сепак вели дека нема потенцијална опасност за зараза бидејќи заболените кои се бројат деновите биле од ифтарските вечери кои се одржувале во затворени простории.

„Се знае дека заболените деновиве се од одредени кластери, распространети по неколку општини како резултат на контактите на ифтарските вечери. Ифтарите се одржуваа во затворен простор, а Задушница ќе биде на отворено. Не гледам проблем на верниците да им се ускрати правото да оддадат помен на починатите. Ги затворија верниците за Велигден, во ред, молчевме, беше проблем да не се собираат во црквите. Но, сега не е така, затоа сметам дека ако повоторно има карантин за задушница е премногу“, изјави митрополитот Петар.

Свештениците ги повикуваат верниците да се воздржат од раздавање храна , затоа што тоа е народски, а не црковен обичај. Ако се поздравуваат меѓусебно обавезно да ги дезинфицираат рацете и на гробиштата да носат заштитни маски.

Повеќе ТУКА.

Back to top button
Close