Популистичката партија на Најџел Фараж освои уште едно место во британскиот парламент

Популистичката, крајно десничарска партија „Реформа на Велика Британија“ на Најџел Фараж освои уште едно место во британскиот парламент по изборите одржани во Велика Британија во четвртокот, задавајќи удар на Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер.

Најџел Фараж / Фото ЕПА

Сара Почин од „Реформ УК“ ја победи својата ривалка од Лабуристичката партија Карен Шор со само шест гласа разлика и го освои местото во Ранкорн и Хелсби, во северозападна Англија, до неодамна упориште на Лабуристите.

Вчера, на 1 мај, во некои региони на Англија се одржаа локални избори за 1.600 советнички места и шест градоначалници, првиот изборен тест за владата на Стармер, која е на власт веќе 10 месеци.

Во исто време, беа одржани избори за пополнување на местата во парламентот во изборните единици Ранкорн и Хелсби

Back to top button
Close