Поради Аца Лукас „Џој Фест“ од Крива Паланка остана без пари од Министерството за култура


Во соопштението од Министерството за наведува дека во апликацијата до Министерството за култура биле наведени други изведувачи, а не пејачот од Србија

Денеска во повеќе медиуми беше објавена информацијата дека популарниот српски турбо-фолкер Аца Лукас доаѓа во Крива Паланка на 28 август и ќе има концерт во склоп на фестивалот „Џој фест 2022“, кој по деветти пат се одржува, по две години пауза поради пандемијата со коронавирус, а во минатото важеше за настан на кој се нудеше квалитетна рок музика и гостуваа музичари од земјава и од регионот

Министерството за култура ќе ги стопира буџетските средства наменети за Здружението за културни и уметнички дејности „Џој Фест” од Крива Паланка, откако во јавноста се појави информацијата дека ќе настапува познат турбофолк пејач од Србија.

Во соопштението од Министерството за наведува дека во апликацијата до Министерството за култура биле наведени други изведувачи, а не пејачот од Србија.

„Организаторите на фестивалот годинава добија 153 000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо-фолк пејач во програмата, тие нема да ги добијат овие средства“,

се вели во соопштението од Министерството за култура.
Оттаму велат дека кога Министерството за култура ги објави резултатите од Конкурсот во февруари годинава, појасни, дека предност имале проекти кои промовираат култура, посебно на домашните уметници.

„Министерството за култура поддржува проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, а особено внимание е посветено на поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или за лица со посебни потреби“, велат од Министерството.

„Џој фест“ е во рамките на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″ која ја организираат Општина Крива Паланка, ЛУ „Градски музеј“ и НУ „Центар за култура“, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Општина Крива Паланка, Министерство за култура на Република Северна Македонија, како и останати поддржувачи.

Денеска во повеќе медиуми беше објавена информацијата дека популарниот српски турбо-фолкер Аца Лукас доаѓа во Крива Паланка на 28 август и ќе има концерт во склоп на фестивалот „Џој фест 2022“, кој по деветти пат се одржува, по две години пауза поради пандемијата со коронавирус, а во минатото важеше за настан на кој се нудеше квалитетна рок музика и гостуваа музичари од земјава и од регионот.

Back to top button
Close