Поради безбедносни причини одложено телевизиско интервју на претседателот Пендаровски

Интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за телевизија 21 беше одложено поради ескалацијата на протестите пред Собранието во чија непосредна близина се наоѓа телевизијата.

– Интервјуто со претседателот Стево Пендаровски вечерва се одложува поради безбедносни причини. Имено, ТВ21 се наоѓа во непосредна близина на Собранието каде вечерва ескалираше ситуацијата и протестите станаа насилни, информираше вечерва телевизијата.

Back to top button
Close