Поради дефект без вода центарот на Охрид. Санацијата ќе потрае
Поради дефект на водоводната мрежа од изутринава без вода е голем дел од централното подрачје на Охрид.
Надвор од водоснабдителниот систем се корисниците на улиците „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици , „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици, како и долната зона од Стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Екипи на Јавното претпријатие се на терен каде се интервенира на отрстранување на дефектот, но оти се работи на тешко пристапен терен под објекти така што санацијата може да потрае.