Поради најавениот протест на ССМ денеска ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје
Протестот ќе се одржи пред зградата на Владата на булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“

Денеска со почеток во 11 часот во централното градско подрачје ќе има посебен сообраќаен режим поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Протестот ќе се одржи пред зградата на Владата на булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека доколку има потреба, за време на протестот сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници на терен






