Поради недоволно гласови, Уставен не одлучи за исплатата на трошоци на пратениците за патарини

Левица како подносители на иницијативата сметаат дека Собранието со носење на оспорената комисиска одлука за надоместок на трошоците за патарини, којашто одлука е донесена на седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници, излегувало од рамките дадени во Уставот и наведените закони. Надоместокот за патарини, посочуваат подносители, како таков воопшто не бил предвиден ниту со Устав ниту со закон. Меѓутоа, Уставниот суд, кој неколку месеци функционира без четворица судии, не можеше да донесе одлука

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука по иницијативата на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кои ги оспоруваат точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина. Уставен, кој функционира со недостаток од четворица судии, денеска не донесоа одлука, бидејќи го немаше потребното мнозинство на гласови.

„Судот не донесе одлука од причини што предлогот не доби потребно мнозинство гласови. Во иницијативата беа оспорени точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 106/2006, 143/2007 и 161/2018)“,

Според подносителите на иницијативата од Левица, ваквата привилегија се коси со неколку одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието, каде прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини.

Во иницијативата, меѓу другото е посочено дека за извршената општествена должност и придонесот кон заедницата, пратеникот добивал плата и надоместок на плата.

Според подносителите, Собранието со носење на оспорената комисиска одлука донесена на седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници излегувало од рамките дадени во Уставот и наведените закони предвидувајќи надоместок на трошоците за патарина којшто надоместок како таков воопшто не бил предвиден ниту со Устав ниту со закон.

Back to top button
Close