Поради немирите мобилизирана целата Национална гарда на Минесота

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, денеска соопшти дека целосно ќе ја мобилизира Националната гарда и полицијата на таа американска држава со цел да ги смири граѓанските немири по неколкудневните протести поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата.

Тој додаде дека разговарал со министерот за одбрана Марк Еспер и командантот на Здружениот ГШ, Марк Мили, за добивање федерална помош за запирање на насилствата.

Волц смета дека насилството во Минеаполис е предизвикано од добро организирани поттикнувачи надвор од државата, чија цел, како што рече, дестабилизација на граѓанското општество.

Back to top button
Close